Скапа детска игра: 6 - годишно дете потрошило 16.000 долари од сметката на родителите
Играјќи ја својата омилена игра „Sonic Forces“, шестгодишен Американец потрошил 16.000 американски долари без некој да забележи...
Во последниве години, компании како „Епл“ воведоа превентивни мерки што им овозможуваат на родителите да имаат контрола над „Ајфоните“ и „Ајпадите“ за да ги контролираат купувањата преку апликации.
Ваквата „понуда“ на технолошките гиганти не дојде случајно, туку дојде како одговор на непланираните трошоци кои непријатно изненадија којзнае колку родители, но и корисници кои не беа свесни дека купиле нешто, односно потрошиле пари.
За жал, и Џесика Џонсон на својата кожа, поточно на нејзината банкарска сметка, почувствува како изгледа кога немате контрола над уредите од кои децата можат да се впуштат на шопинг.
Синот на Џесика, Џорџ, додека си играл во текот на летото, направил сметка од 16 000 долари.
Видео играта што го привлече вниманието на ова шестгодишно дете е „Sonic Forces“. Џорџ најпрво купи пакети од 1,99 $, но со текот на времето напредувал и ги достигнал оние од 99,99 $.
За само еден ден, „25 - те додатоци“ Џeорџ го чинеле повеќе од 2.500 американски долари.
Џесика прво помислила дека тоа е една од многуте електронски измами и се насочила кон банката. Сепак, банката потврдила дека таа ги извршила сите набавки и дека треба да контактира со „Епл“ за дополнителни информации.
Компанијата „Епл“ ги потврдила наводите на банката, со образложение дека набавките дошле преку апликацијата во рамките на споменатата видео игра.
Тогаш Џесика сфатила дека сметката е направена од страна на нејзиниот син, но било предоцна за враќање на парите, бидејќи истекол периодот од 60 дена.
Иако е лута на нејзиниот син кој ја направил сметката, Џесика сепак смета дека вистинскиот виновник е „Епл“.
„Мојот син не разбра дека станува збор за вистински пари. Како би можел? Тој игра со цртани ликови во свет за кој знае дека не е реалност. Тогаш, зошто парите би биле вистински? Тоа би барало огромен когнитивен скок од него“ - објасни Џесика.