Скапи универзитети: Ги „пумпаат“ цените на студиите за да изгледаат поелитно

Скапи универзитети: Ги „пумпаат“ цените на студиите за да изгледаат поелитно

Објавена во: Совети // School zone

До 2025 година ќе има универзитети во кои една година ќе чини над неверојатни 100.000 евра...

Пеперутките лебдеа околу пригодно исечените грмушки додека Грифин Бадаленте внимателно го шеташе тревникот на кампусот на Универзитетот во Чикаго. Покрај тоа што е познат како најсилна академска институција за економски науки, затоа што во неа се школувале многу добитници на Нобелова награда, овој универзитет е познат и по тоа што има своја ботаничка градина во која се шетаат професорите и студентите.

За оваа уживање, студентите кои се запишале во 2019 година плаќаат 57.642 долари за една учебна година. Овој универзитет веќе е еден од најскапите универзитети во Соединетите Американски Држави. Но, тој ќе биде уште поскап, како што пишува „Hechinger Report“, непрофитна и незавинска организација за вести, која ги проучува нееднаквостите во образованието.

До 2025 година, студентите како Бадаламент би можеле да очекуваат дека цената за една година ќе чини повеќе од 100.000 американски долари. Ова го пресметаа од „Hechinger Report“, врз основа на проекциите од разни извештаи, како и од годишните стапки на растот на трошоците на универзитетот од 2008 до 2018 година.

Па така, Универзитетот во Чикаго ќе стане првиот универзитетот во САД што ќе го надмине шестцифрениот број. Тука се вбројвуаат и Универзитетот Харви Муд во Калифорнија, Универзитетот Колумбија во Њујорк и Универзитетот Методист во Тексас - за кои се предвидува слична цена за една студиска година.

Бадаламенте е студент од трета година, кој студира компјутерски невронски мрежи и ја добива малата стипендија „National Merit“, а доколку ја нема истата, неговото семејство би ја плаќало целосната школарина.

„Не сум изненаден од ваквата цена. Моите родители за среќа заработуваат доволно пари за плаќање на школарината. Се сложувам дека 100.000 американски долари за школарина, такси, книги, соба и интернет и другите трошоци се многу пари, отколку што треба да чини, но претпоставувам дека доколку вака ги субвенционирам луѓето кои н еби имале можност да студираат тука, тогаш сè ќе биде послесно за мене“ - вели тој.

Студентите како Бадаламнте и нивните семејства се клучни за стратегијата за школувањето која започна во канцелариите на малите, либерални уметнички универзитети, но која сега стана пракса при запишувањето во поголемиот број на приватни четиригодишни универзитети.

Вистина е дека една од причините за зголемување на цените е луксузното сместување, но голема улога во зголемувањето на трошоците имаше една сосема друга причина. Така би се намалиле трошиците на школување на учениците кои можеби се запишале на некој друг универзитет поради послаб финансиски статус или акдемска конкуренција.

Оваа стратегија ја нарекуваат и дискриминаторски цени, затоа што зависи од тоа кој и кога плаќа, а веќе долго се користи во тактиката за продажба на стоки и услуги.

На пример, доколку сакаме некаде да летаме со авион, се препорачува картите да ги купиме барем три месеци пред патувањето. Но, за разлика од авиокомпаниите, кои обично растат пред авионот целосно да се наполни, па е потешко да се дојде до место, стратегијата на универзитетите е намалување на ценитеза да се привлечат доволно студенти до есен.

Теоретски, попустите за школарина може да им помогнат на службените лица полесно да ги планираат уписите за студентите со пониски примања.

Но, истражувањето кое беше објавено оваа година од Лук Бехаунек, декан на Универзитетот Симпсон и Ен Гансемер - Топф, извонредна професорка на Државниот универзитет во Ајова, ја доведоа во прашање ефикасноста на ваквата стратегија.

Гледајќи ги податоците од 2003 и 2012 година за 448 мали приватни високообразовни институции, откриено е дека поголемите попусти на школарината не се во колерација со зголемиот упис на студенти со помали примања или пак кои доаѓаат од малцинските групи. Всушност, наместо учениците со пониски примања и учениците со азиско или афроамериканско потекло да посетуваат високо образование, тие станаа побројни во училиштата со најниски попусти.

„Студентите со помала финансиска моќ и понатаму ги одбива големата цена на студирањето што ја гледаат во огласите и на тие универзитети залудно ги уверуваат дека не мораат да ја платат целосната цена“ - објаснува Гансемер - Топф.

За помалку елитните училишта, попустот се уште може да донесе некоја корист, според докуметот на Бехаунек и Гансемер - Топф. Просечниот нето приход од школарина по студент на малите приватни универзитети се зголемил за околу 1,26% годишно, откако се прилагодиле на зголемувањето на школарината.

За Гансемер - Топф, проблемот не е дали да се користат попустите за запишување, туку посериозно да се размисли за ефикасноста.

„Институциите не може произволно да ја зголемуваат цената на школарината само за да изгледаат добро и конкурентно, туку треба да гледаат дали се навистина такви“ - смета таа.

Извор: express.24sata.hr


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: