Скапоцен подарок од таен обожавател: Андријана Петрушовска организираше гала роденденска прослава, а ова им падна на сите во очи (ФОТО)

Скапоцен подарок од таен обожавател: Андријана Петрушовска организираше гала роденденска прослава, а ова им падна на сите во очи (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Минатогодишната финалистка и македонска претставничка во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска има голем повод за славење.

Пред неколку дена, во Германија таа го прослави својот 23-ти роденден. На социјалните мрежи ѝ пристигнаа безброј честитки од обожавателите, колегите и пријателите.

Таа со следбениците сподели како изгледаше нејзината роденденска прослава, а за овој ден имаше одберено специјална модна комбинација, со која воодушеви многумина.

Андријана позираше во краток розов фустан, со кој ги остави без здив сите припадници на посилниот пол, а во иста нијанса беше и нејзината роденденска торта, која беше направена специјално за неа.

Пејачката на сите им покажа и фотографии од неколку скапоцени подароци кои ги доби, а од кој се, остана мистерија.

Сите се прашуваат дали Андријана има ново момче кое го крие од јавноста, со оглед на тоа што на забавата блескаше од среќа.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: