Skopje City Mall најавува Late Night Shopping во холивудски стил
После повеќе од 1 година изолација, дистанца и многу малку можности за забава, се враќаме во стариот препознатлив стил и ви го најавуваме новото издание на Late Night Shopping во омилениот трговски центар, Skopje City Mall.
Да се потсетиме на Холивуд забавите, филмскиот гламур, како и сите симболи на ретро забавата. Ве покануваме на 2ри јули да шопингувате до полноќ со обезбедени попусти дури до -60% на одредени производи и да бидете дел од Инстаграм ретро забава на приземјето од трговскиот центар, а сите што ќе направат сметка поголема од 1.500 денари ќе ги почестиме со вкусен коктел и ќе може да добијат некоја од наградите кои што ги подготвивме. Попустите и акциите во Skopje City Mall ќе продолжат и во наредните 2 дена, на 3ти и 4ти јули.
Доколку сте љубители на Холивуд ќе можете и да се фотографирате со вашето име на нашата Walk of Fame патека, а на нашиот Instagram профил можете да добиете гламурозно шопинг искуство со сопствен батлер, личен возач и автомобил специјално наменет само за петмина случајно одбрани добитници.
Пријавувањето е на нашиот Insta профил: www.instagram.com/skopjecitymall
При посета на Skopje City Mall, потребно е да носите заштитна маска, да одржувате безбедно растојание и да ги почитувате правилата и знаците поставени во трговскиот центар. Заштитeте се себе и тие околу вас!
* ПР - објава