Скопје Сити мол во петок започнува повторно со работа

Скопје Сити мол во петок започнува повторно со работа

Објавена во: После „Школо“ // PR

- со највисоки светски стандарди фокусирани за безбедноста на здравјето на посетителите

Врз основа на одлуката на Владата на Република Северна Македонија за намалување на рестрикциите во одредени дејности со кои се опфаќа и работата на трговските центри од затворен тип, би сакале да ја информираме јавноста дека од петок, 15.05.2020 година со почеток од 10:00 часот со работа ќе започне Скопје Сити Мол.

Во таа смисла, како одговорна компанија однапред подготвивме соодветни правила и протоколи за функционирање на Скопје Сити Мол. Дефинираните насоки за посетителите и вработените се во согласност со препорачаните мерки од Институциите на Државата и донесените дополнителни правила кои се подготвени според највисоките светски стандарди и треба да се почитуваат без исклучок со единствена цел - грижа за јавното здравје.

Работното време на Скопје Сити Мол ќе биде од Понеделник до Сабота од 10 до 18 часот. Во Недела трговскиот центар нема да работи. Рамсторе супермаркетот,  Дм Дрогерие и Зегин ќе работат според досегашното работно време.

Клиентите над 65 години ќе имаат можност за посета на трговскиот центар од 10 до 12 часот.

Во прилог е сеопфатниот сет мерки и совети за безбедност во оваа фаза (за посетителите и вработените) кои се препорачани од експерти за епидемиологија, здравје и безбедност на животната средина за трговските центри:

1 - Сите посетители треба да носат заштитна маска за време на посетата и престојот во трговскиот центар.

2 - За полесно одржување на дистанца од 1.5 – 2 м низ трговскиот центар подготвен е посебен режим за движењето низ коридорите (ходниците), кој ќе биде истакнат на соодветни позиции каде посетители многу лесно можат да ги следат насоките.

3 - Подготвен е посебен протокол со определена временска рамка за чистење и дезинфицирање на тоалетите, како и третман за чистење и дезинфекцијана површини каде има допир со рака (рачки, лифтови, ракохвати на ескалатори, огради, паркомати и сл.).

4 - Поставени се диспанзери со средства за дезинфекција на раце кај сите влезови и во сите тоалети.


За поголема безбедност на посетителите и вработените, подготвени се дополнителни мерки и процедури:

- Ограничувања и мониторинг на посетеност, односно, преку системот за мерење на посетеноста ќе се врши контрола на посетеноста со цел - спречување на групирање на посетители на влезовите, внатре во заедничките простории и внатре во деловните простори.

- Секој закупец ќе биде одговорен за спроведување на безбедносните мерки поврзани со користењето на закупениот простор, пропишани од Институциите во државата и/или Локалните власти.

- Поставување на бариера од плексиглас за обезбедување на растојание од 1,5 - 2 метри помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот. Доколку има повеќе каси за наплата, да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри помеѓу касите.

- Изготвен е посебен протокол за третман и заштита на безбедноста на вработените и секој закупец има задолжение да ги спроведе овие мерки, без исклучок. Покрај задолжителното носење заштитна маска, секое лице кое се наоѓа на работното место ќе биде охрабрено почесто да врши хигиена на рацете во текот на работното време. Како превентивна мерка, сите вработени потребно е да го контролираат сопственото здравје пред да дојдат на работното место – основно, со регистрирање телесна температура. При симптоми слични на грип (на пр. кашлица, болки во телото) треба задолжително да останат дома. Покрај тоа, сите оние кои биле изложени или имале контакт со лице заразено со COVID-19 да бидат изолирани во карантин.

- Сите вработени во Скопје Сити Мол, вклучително и службите за обезбедување редовно ќе ги потсетуваат посетителите за мерките поврзани со одржување на соодветно растојание, употреба на заштитни маски како и воздржуваат од групирање во групи.

- Во одделот за храна (food court) ќе бидат отстранети масите за седење, а локалите ќе работат на принцип купената храна да се понесе со себе (take-away).

Во сите тоалети во објектот, секоја втора чешма и писоар ќе бидат ставени вон употреба.

“Се соочуваме со огромна, светска криза од невиден размер, каде што директно е загрозено здравјето на луѓето. Покрај овој факт, економијата и бизнисите се на колена. Во изминатите 2 месеци водевме борба за опстанок и преживување каде што, финансиските параметри на сите поврзани страни бележат огромни загуби од целосното неработење на трговскиот центар. Свесни сме дека ќе имаме многу голем одговорност кон јавното здравје со повторното отворање на Скопје Сити Мол. Свесни сме дека нема да биде лесно и едноставно, но истовремено, подготвени сме да одговориме на предизвикот и со тоа да дадеме директна поддршка на Институциите во нашата Држава во справувањето со оваа криза. Подолг период наназад работиме на технички подготовки за повторно отворање на Скопје Сити Мол, само неколку примери - целосна дезинфекција на клима системите и вентилационите канали (со промена на сите филтри), целосно реновирање на тоалетите, детално чистење и дезинфекција на целиот објект и слично. Имаме знаење и искуство во раководење на голем број трговски центри низ регионот и светот и нашите корпоративни правила се ригорозни и фокусирани кон посетителите – нивната сигурност, безбедност, а во ова време и кон нивното здравје. Затоа, одлучивме Скопје Сити Мол повторно да го отвориме почнувајќи од петок, 15.05. и непречено и безбедно да ги пречекаме сите посетители, без ниту еден недостаток и со цел - клиентите да се мирни и спокојни за сопственото здравје во време на посетата во трговскиот центар“ потенцираше Ебру Радевски, Извршен Директор на Скопје Сити Мол.

На таков начин, преку спроведување на подготвителните активности за враќање во функција на објектот, како и подготвените мерки и протоколи за соодветно регулиран престој на посетители и вработени во рамки на Скопје Сити Мол сметаме дека ќе одговориме не само на интенциите и заложбите на комисијата за Здравство и Владата на Република Северна Македонија во борбата со справување со оваа пандемија туку и на светските стандарди и протоколи поврзани пред се со безбедноста на посетителите.


Истовремено, информираме дека сите изготвени препораки и протоколи за престој во трговскиот центар ќе бидат објавени на денот на отворањето на објектот (15.05.2020) на официјалната веб страна и на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: