Скоро 62.000 денари за бикини: Не е проблем, ако си Дуа Липа

Скоро 62.000 денари за бикини: Не е проблем, ако си Дуа Липа

Објавена во: Мода // Moj стил

Британската пејачка со потекло од Албанија, Дуа Липа го „запали“ интернетот со новите фотографии во бикини.

Имено, познатата пејачка позираше во розово бикини на „Версаче“ кое чини 865 фунти, односно 1.004 евра или скоро 62.000 денари.

Таа се фотографирала во голем базен, каде позира во бикиното кое совршено го истакнува нејзиното тело, а на главата има „каубојски“ шешир со циркони.

Пејачката на фотографиите позира без шминка, а во описот на фотографиите напиша: „Неделен извештај.“


На фотографиите собра повеќе од два милиони лајкови, а обожавателите во коментари ѝ го пишуваа следното: „Изгледаш како сон“, „Ова не е фер што ни го правиш“, „Омилените фотографии од твојот Инстаграм профил ми се овие“, „Презгодна си“, „Совршени гради“.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: