„Skull breaker“ е нов опасен предизвик на ТикТок: Може сериозно да се повредите

„Skull breaker“ е нов опасен предизвик на ТикТок: Може сериозно да се повредите

Се споделуваат сериозни предупредувања поради овој предизвик.

Ова е еден од предизвиците во кои е најдобро да не учествувате, бидејќи доволно е малку на лошо да тргнат работите и да завршите со сериозни повреди. Еве за што точно станува збор.

На социјалните мрежи повторно се појави предизвик во кој се вклучени неколку луѓе, како млади, така и возрасни, а кои може да добијат сериозни повреди од истиот. Изгледа забавно... додека некој не се здобие со сериозни повреди на главата или грбот, бидејќи со овој предизвик ова е една од можностите. „Skull breaker challenge“ е нов предизвик кој за момент се прошири, а наводно започна од Индија. За предизвикот се потребни три личности кои треба да застанат една до друга. Најпрво двете личности кои се наоѓаат од бочните страни на требата личност скокаат, а по нив личноста која е во средина. Кога ќе скокне личноста во среда, двете личности од страна треба да го удираат во нозе, за личноста да падне, најчесто право и на грб. 


Но, овој предизвик може да има сериозни повреди по здравјето, односно личноста која се наоѓа во средина, при падот може да се здобие со сериозни повреди на главата или грбот. Освен што децата на училиште го прават овој предизвик, особено се забранува придружувањето на возрасните луѓе кои треба да бидат добар пример. Некои кои учествуваа во предизвикот, по наговорите на пријателите или соучениците, не ни знаеле што ќе се случи кога ќе скокнат. Неподготвени за тоа дека некој ќе ги удира по нозете и дека ќе паднат директно на грб, може да имаат уште повеќе повреди.

Можеби ќе ве интересира: