Слатки и за сечиј буџет: DIY роденденски подароци за родеденот што се ближи, а за кој немаш идеја за подарок
Во продолжение ти подаруваме 5 DIY совети како дома, со малку пари да направиш одличен персонализиран роденденски подарок.
# Картонски рамки со цвеќиња
За почеток, мора добро да размислиш која збор ќе го употребиш за овој подарок. Кога ќе се одлучиш кој збор ќе биде тоа, од картон во 3Д облик исечи ги тие зборови. Напомена е дека не смееш да имаш подлога, бидејќи на тоа место ќе залепиш сунѓер во кој ќе ги редиш цвеќињата. Кога ќе ги исечеш буквите, со лепак залепи ги. Откако ќе го завршиш ова - почни да ги редиш цвеќињата. Внимавај само сите да бидат со иста должина за сите цвеќиња да може да бидат рамни.
# Купони за домашни работи
Овој подарок дефинитивно најмногу ќе им се допадне на мајките. Во прашање се домашно изработени купони за кои ти е потребен еден лист и убав маркер... Исечи ја хартијата на повеќе мали картички со правоаголен облик и така секоја картичка ќе ти претставува еден купон. На секој купон запиши еден обврска која ти ќе ја завршиш. На пример, бришење на подот, бршење на прозорци, чистење на плакарот, усисување и слично. Верувај ни, за твојата мајка ова ќе биде најдрагиот подарок.
# Домашни колачиња како од слаткарница
Веќе знаеме дека колачињата се најлесни за подготвување дома. Искористи ги во облик на подарок. Испечи обични колачиња и украси ги со некој крем во боја и посипи ги со шарени мрвици. За подарок да биде уште поелегантен, пронајди некоја убава бела кутија и нареди ги колачињата во неа, а на капакот од кутијата со маркер напиши убава роденденска порака. Подарокот ќе изгледа како да си го нарачала од некоја „фенси“ слаткарница.
# Memorie box или memorie wall
Станува збор за кутија со спомени. Земи еден подолг временски период пред роденденот, на пример на твојата најдобра пријателка и собирај било каков вид на спомени кои сте ги поминале заедно. Тоа вклучува и обична карта за во кино, но доколку сте оделе заедно и тоа е еден дел од спомените кои сте ги доживеале. Освен тоа, можеш да вклучиш и нешто за што таа го спомнала дека и се допаѓа како на пример миризливи свеќи. Сето тоа собирај го, секој предмет посебно спакувај го во украсна хартија и стави го во кутијата или со спајалица закачи го на малото пано. Подарокот е 100% персонализиран, бидејќи се состои од ваши спомени, а ќе изгледа предобро кога секој предмет ќе биде спакуван засебно.
# Фотографии во лепеза со вашите спомени
Специфичен подарок, а повторно посебен и буди спомени. За тоа како да го направиш, погледни ОВДЕ.