Слатко и романтично: Кога и каде Меган и Хари за првпат си рекле „Те сакам“

Слатко и романтично: Кога и каде Меган и Хари за првпат си рекле „Те сакам“

Објавена во: Совети // Семејство

Животот на Хари и Меган е под будното око на јавноста постојано. Особено сега кога чекаат второ дете, а во исчекување е и емитувањето на нивното интервју со Опра Винфри каде ќе откријат многу непознати детали.

Но, во новата биографија за животот на принцот Хари и Меган Маркл, „Пронаоѓање на слобода“  ги има сите детали за нивната врска, како и причините и деталите за нивното заминување од кралското семејство.
Во книгата можете да ги дознаете сите детали за нивната прва средба, за која се вели дека се случила во „Soho house“ и дека нивната средба траела 3 часа и дека оттогаш двајцата ја почувствувале хемијата меѓу нив.

„На крајот на состанокот, по скоро 3 часа разговор, двајцата си заминале сами дома“, велат авторите на биографијата. „Привлечноста меѓу нив била очигледна, немало бакнеж за збогум, немало посебни очекувања, само навестување за нешто ново и се надевале дека повторно ќе се видат“.

Двајцата излегле на вечера следната вечер, а вечерта после тоа Меган го посетила Хари во палатата Кенсингтон.

"Кога Хари ја отворил влезната врата од неговиот дом, Меган видела едноставен ходник со закачени јакна и чевли на подот. Таа имала доволно искуство со состаноци за да може да препознае кога еден маж се обидува да ја импресионира и кога тој е само себе си. А Хари е дефинитивно вториот тип - секогаш тој самиот. Тој се обидел да ја импресионира само со детали за неговата работа, но во ниту еден момент не го спомнал фактот дека е принц и дел од кралското семејство “, пишува во биографијата.

Шест недели подоцна, Меган и Хари заминале заедно во Боцвана, каде нивната врска започнала да се развива со полна брзина и љубовта навистина се разгорела меѓу нив. А набргу потоа, двајцата кажале „те сакам“.

"Три месеци по нивната врска, двајцата беа слободни да кажат дека се сакаат еден со друг. Хари беше првиот што го кажа тоа, но Меган одговори веднаш. Од тогаш, двајцата започнаа мирно и слободно да разговараат за нивната заедничка иднина", продолжува во нивната биографија.

За жал, односот меѓу Меган и Хари не беше добро прифатен од сите, и излегува дека имало луѓе во внатрешниот круг на Хари кои не ја одобрувале неговата избраничка.

„На почетокот на нивната врска, Хари се сретна со многу недоразбирања и негативни мислења од некои негови пријатели и тој веднаш стави крај на врската со нив. Едно е да се добие критика од медиумите, со кого долго време беше во војна, но беше уште полошо што не наиде на поддршка од некои негови најблиски “, се наведува во биографијата.

Токму овие проблеми доведоа до желбата на Меган и Хари да си дадат оставка од кралските должности и привилегии.

Извор: edna.bg

Фото: Getty/Gulliver


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: