Славел роденден, а не можел да присуствува на него: 18-годишно момче не можело да влезе во кафуле поради ситници во изгледот (ВИДЕО)
Одиш да славиш роденден, а потоа обезбедувањето не ти дава да влезеш во клубот само поради тоа како изгледаш...
И тоа е можно. Не е првпат да се случи некој да не може да влезе во клуб или кафуле поради тоа како изгледа. Неколку клубови имаат „dress code“, кој од гостите бара да бидат облечени во согласно нивните правила, но во ова кафуле отишле чекор напред.
Не е неочекувано кога некој елитен клиб не дозволува да влезат одредени гости, ако не изгледаат според нивните правила. Имаат „dress code“ кој однапред им е даден до знаење на сите и тоа е во ред. Но, кога некој нема да те пушти во кафуле поради фризурата, тоа е веќе друга приказна. Иако звучи како нешто што не би се случило, ова му се случило на едно момче од Австралија. Тоа само сакало да го прослави својот 18-ти роденден во едно кафуле. Дури не во клуб, туку само во кафуле, а обезбедувањето не го пуштиле внатре поради неговата фризура.
Би помислиле дека има кој знае каква фризура, дека има избричено некој навредлив симбол или нешто слично, но не. Тој има „фудбалерка“.
Можеби оваа фризура не им се допаѓа на сите, но тоа не е причина за на било кој да му се забрани влез во кафуле. „Фудбалерките“ порано беа екстра популарни, а иако Мајли Сајрус се обиде пред некое време да ја врати во мода, не ѝ успеа тоа. Но, сепак, некои и понатаму ја носат, исто како ова 18-годишно момче. На никој не му е јасно зошто, ниту каде е проблемот со оваа фризура, бидејќи момчето изгледа сосема нормално. Дискриминацијата поради одреден тип на фризура никако не би требало тема на разговор.
фото: Принтскрин / Јутјуб