Славица Ангелова го остави жирито без коментар: Со максимални 6 гласа се планираше директно во третиот круг (ВИДЕО)
На стартот од оваа сезона на „Ѕвездите на Град“ се запиша како прва кандидатка која освои овои максимален број на гласови, а довербата ја оправда и во вториот круг...
Дваесетгодишната струмичанка, Славица Ангелова, во новата емисија од вториот круг на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, која се емитуваше во саботата повторно освои максимален број на гласови и директно се пласираше во третиот круг.
Имено, таа ги бранеше боите на тимот на Ѓорѓе Давид во дуелот со Семир Џанковиќ, кој е дел од тимот на Цеца, кој исто така освои 6 гласа. Судејќи по реакцијата на жирито, сите членови уживаа во настапите на талентираните пејачи.
Иако резултатот на крај беше изедначен, без многу размислување, Саша Поповиќ одлучи и двајцата да ги пушти директно во третиот круг. Најинтересно беше тоа што, жирито овој пат се одлучи дека нема потреба за коментари, бидејќи и нашата Славица, но и нејзиниот противкандидат, беа фантаситични.
Како изгледаше сето тоа на сцената, може да погледнете во видеото во продолжение, од 1:38:23:
фото: Принтскрин / Инстаграм