Струмичанката Славица покажа како се пее на сцената на „Ѕвездите на Гранд“: Со песна од Тамара Тодевска ги освои сите осум гласови (ВИДЕО)
Синоќа во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, струмичанката Славица Ангелова воодушеви со нејзиниот настап, таа е првиот кандидат за оваа сезона кој ги доби сите осум гласови од жирито и си доби заслужен громогласен аплауз.
Славица прво ја испеа „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска, па потоа се претстави со „Лутка за бал“ од „Парни Ваљак“ и покажа како се пее.
20-годишната Славица е студентка на медицина, се има натпреварувано и во „Неки нови клинци“, а нејзината мајка цело време ја бодреше во бекстејџ.
Кога ги доби сите осум гласови, Ангелова не можеше да се одлучи кој да биде нејзин ментор, велејќи дека тоа е многу тешка одлука за неа, па помеѓу Ѓорѓе Давид и Шерифовиќ, таа се одлучи за Ѓорѓе.
-Голема чест ми е! Морам да ви кажам дека од Џела Рамовиќ не се појавил никој, барем во мојот случај, кој вака ме изненадил и воодушевил - изјави Ѓорѓе Давид откако струмичанката Славица Ангелова го одбра него за нејзин ментор.
Нејзиниот настап можете да го погледнете на 55.00 минута: