Следете го напредокот на детето, а не само оцените: 7 работи кои наставниците би сакале да ги знаат родителите

Следете го напредокот на детето, а не само оцените: 7 работи кои наставниците би сакале да ги знаат родителите

Објавена во: Совети // School zone

Иако теоретската подлога на факултетите е прекрасна, дури кога ќе се влезе во училница се добива вистинската слика за професијата професор и се што оди во пакет со оваа работа.

Како минуваа месеците, таа работа, иако е неверојатно стресна и тешка, се повеќе ми влегуваше под кожа.

Успешните часови, напредокот на учениците кои до тогаш се мачеа, нивната насмевка откако ќе сфатат дека го совладале материјалот, гордоста која ја чувствуваат кога ќе остварат добар резултат на натпреварите и воодушевувањето на нивните родители по училишните приредби се само дел од убавите спомени кои ги паметам.

Но, за работата на професорите да биде уште поуспешна, потребна е мала соработка со родителите. Без тоа е невозможно детето да се развие во успешен поединец кој ќе знае како да се носи со сите предизвици кои животот порано или подоцна ќе ги стави пред него.

Сум сретнала родителите кои тврдеа дека нивното дете е ангел, со оние кои го форсираат успехот, бидејќи и самите се високообразовани, па очекуваат исто и од своите деца, па се до оние кои навиваат по секоја поправена оценка и покажуваат 100 процентна поддршка на своите дете, но и на наставниците.

Учениците во училиште поминуваат поголем дел од својот ден, па затоа е морално таму да се чувствуваат удобно, но и родителите да знаат што и како нивните деца прават, како се однесуваат кон другите, дали се навистина среќни. Кратките родителски средби не се доволни за на некој родител да му се промени сликата за неговото дете.

Потребни се почести индивидуални средби, но и покрај тоа постојат некои работи кои секој родител на ученик треба да ги има на ум.

# Вашето дете не мора да биде совршено

Иако бројните истражувања говорат во прилог на тоа дека секое дете во себе крие голем потенцијал, тоа не значи дека ќе биде еднакво успешно на сите подрачја.  Поединци во тоа успеваат без проблеми, но на поголемиот број ученици сепак е просечна. И тоа не е нешто поради што би требало да правите драма.

Притисокот кој детето го чувствува доколку е присилено постојано да учи или за да се занимава со дополнителни активности кои не ги интересираат нема да донесат напредок. Наместо тоа поттикнувајте да се развива во она што го сака.

# Следете го напредокот на детето, а не само оцените

Праксата покажува дека родителите почесто се насочени кон оцените наместо на напредокот на децата. Детето не мора да ниже оценки за да биде успешно. Да, оцените се пресудни за упис во најдобрите средни училишта, но никако не ја одредуваат успехот. Многу е позначајно, доколку детето покажува напредок во некој од наставните предмети кои му претставуваат проблем.

# Разговарајте со детето за училишниот ден

Кога детето ќе дојде од училиште , прашајте го како го поминал денот, што ново научил, што се случува во одделението, како се неговите пријатели и слично. Таквите мали разговори, макар во траење од неколку минути, може да ви донесат добра слика како децата се снаоѓаат во училиште.

# Поттикнете го што повеќе да чита

Читањето е неверојатно важно не само кога е во прашање лектира, туку и успехот во понатамошниот живот. Бројни истражувања покажеле дека успешните претприемачи, професори, научници, доктори и многу други професионалци редовно читаат. За вашето дете да добие навика за да чита, повремено однесете го во книжарница и дозволете му да одбере една книга која не во листата на задолжителни лектири.

# Намалете го време пред малите екрани

Паметните телефони и другите уреди се на секој чекор и не е ни чудо и учениците од прво одделение да имаат сопствени телефони. Иако тоа од една страна е добро, бидејќи во било кој момент можете да дојдете до своето дете, но на поминувањето на време пред сите екрани, треба да му се пристапи многу сериозно. Затоа морате да поставите граници и да се држите до нив.

# Вие сте наголем пример на своето дете

Нереално е да очекувате од детето дека ќе биде она што вие сакате, доколку и самите сте далеку од тоа. На пример, доколку самите никогаш не посегнувате по книга и вашето дете никогаш не ве видело како читате, не може да очекувате дека тоа весело ќе се сложи на читање.

# И наставниците се само луѓе

Иако на децата чест пример им се и наставниците и тие се само луѓе. На наставниците оваа работа им е начин за остварување на средства за живот. Исто како и сите други и тие имаат свои добри и лоши денови, свои приватни проблеми, свое семејство, здравствени проблеми, но и слободно време во кое престануваат да бидат на располагање на родителите. Почитувајте го тоа.


Извор: zadovolja.hr

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: