Следува продолжен викенд за сите граѓани: Уште неколку неработни денови има до крајот на годината?
Следниот петок, 18 јуни, пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Оваа се останатите неработи денови до крајот на годината:
# 23 октомври (сабота) - Ден на Македонската револуционерка борба (за сите граѓани)
# 1 ноември (понеделник) - Празник на сите светци (за граѓаните од католичка вероисповед)
# 22 ноември (понеделник) - Ден на албанската азбука (за граѓаните припадници на албанската заедница)
# 8 декември (среда) - Св. Климент Охридски (за сите граѓани)
# 21 декември (вторник) - Ден на настава на турски јазик (за граѓаните припадници на турската заедница)
# 25 декември (сабота) - првиот ден на Божиќ (за граѓаните од католичка вероисповед)
фото: freepik