Слепа девојка заминала во ресторан да го прослави роденденот: Поради гестот на персоналот светот не престанува да плаче
Емотивно видео кое ќе ве потсети дека е потребно малку за на некој да му го разубавиме животот...
Луѓето со попреченост веќе долго време се маргинализирани во општеството, не само во нашата земја, туку и во целиот свет. Денес, за среќа, ситуацијата се подобрува, а колку секој од нас може да направи за да го направи животот на лице со попреченост подобар, покажува видеото што стана вирално на социјалните мрежи.
Девојчето заминала во ресторан за да го прослави роденденот, а потоа вработените и приредиле изненадување за паметење - готвачот ѝ напишал роденденска честитка со растопено чоколадо на голема чинија, но со брајова азбука.
Славеничката прво се изненадила кога келнерот ѝ донел чинијата, а потоа се воодушевила кога ја прочитала пораката.
Пораката што ја испраќа овој гест е јасна - дури и во тешки времиња, полни со предизвици, зрното љубезност и внимание може да го направат нечиј живот подобар.
@natbysight I’ll never forget this moment. #braille #blind #blindtiktok #viralvideo
Epic Emotional - AShamaluevMusic