Сличноста помеѓу мајката и ќерката е неверојатна: Анастасија или Цеца - кој е на фотографијата?
Тие двете се како пресликани, а многумина не ги распознаваат на социјалните мрежи...
Дека децата личат на своите родители е општо познато и природно, а за некои мајки и ќерки без проблем би можеле да кажеме дека се и близначки поради неверојатните сличности. Токму ова е случај и во семејството Ражнатовиќ, поточно со фолк ѕвездата Цеца и нејзината ќерка, младата пејачка Анастасија.
Откако Анастасија созреа, а и во последните неколку години направи значителни естетски корекции, таа сè повеќе потсетува на нејзината мајка, а во прилог на тоа оди и подмладувањето на Цеца.
На некои фотографии, во зависност од кадрите и позите, Цеца и Анастасија се толку слични, што дури и нивните обожаватели не ги препознаваат. Токму ова е случај и со една од последните фотографии која Цеца ги објави на својот Инстаграм профил, каде во бикини позира на Малдивите, со соберена коса и од профил, а каде неодоливо потсетува на Анастасија.
Бидејќи и Анастасија е на песочни плажи, но на Дубаи, многумина кои не скролале на Инстаграм, не би можеле од прва да сфатат за кој станува збор - дали за мајката или ќерката?