Сличноста со татко ѝ е неверојатна: Како изгледа денес ќерката на Михаел Шумахер? (ФОТО)

Сличноста со татко ѝ е неверојатна: Како изгледа денес ќерката на Михаел Шумахер? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Џина Шумахер, наследничката на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер има 25 години.

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер пред 8 години доживеа страотна несреќа на скијање по која падна во кома, па беше опериран, и од тогаш нема многу детали за неговата здравствена состојба.

Најголема поддршка на познатиот спортист му е сопругата Корина и нивните две деца, ќерката Џина и синот Мик.

Додека Мик тргна по стапките на познатиот татко возејќи трки, неговата две години постара ќерка исто така чекори во спортскиот свет, но како успешна џокејка.

Џина Марија Шумахер која е родена на 20 февруари 1997 година, во едно интервју за германската телевизија „NDR“ откри дека малку фалело и таа да тргне по стапките на својот познат тако, откако една сезона се занимавала со картинг.

Меѓутоа, Џина Марија призна дека повеќе сака коњи, па својата страст ја насочи кон вестерн јавањето.

Колку е одлична во тоа, говори и фактот што во август 2017 година освои златен медал на FEI Светското првенство во Швајцарија.

Оваа млада девојка е во врска со Иан Бетке, скокач кој редовно ја бодри за време на натпреварите.

Како и остатокот од семејството, Џина се воздржува од тоа јавно да зборува за состојбата на својот татко.

Меѓутоа, таа повремено на Инстаграм споделува семејни фотографии.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: