Сликите се избледени, но сеќавањата свежи: Лила Филиповска откри на кое место во Шведска ги направила првите чекори (ФОТО)
Познатата водителка се потсети на своето најрано детство...
Лила Филиповска деновиве престојува во Шведска, поточно во Гетебург, градот во кој што е родена и каде што живеела во првите години во животот.
За време на ова патување, таа посети неколку места кои ѝ се особено важни и кои ја потсетуваат на тој период од животот, а со своите следбеници сподели фотографии и интересни приказни за секое од нив.
Она што е на сите особено им го привлече вниманието е нејзиниот прв стан, поточно во станот во кој живеела откако се родила. Ја покажа зградата, влезот, па дури и го покажа и прозорецот од нејзиниот стан, а тука беше и паркот во кој, како што откри самата, ги направила првите чекори.
„Дневникот на едно детство… Дворот во Гамлестад… место на моите први чекори, првите пријателства, раскрварени колена од падот од велосипед, многу изедени сморгоси, гудис, безгрижни денови… сликите се избледени, но сеќавањата свежи“ - напиша Лила покрај фотографиите, на кои е и повеќе од среќна.
фото: Принтскрин / Инстаграм