Слушнете ја „Животот е пред мене“ - песната со која Лара, Ирина и Јована ќе нѐ претставуваат на Детска Евровизија (ВИДЕО)
Објавена е песната со која Лара, Ирина и Јован ќе ги бранат боите на Македонија на Јуниорската Евровизија....
Кон крајот на јуни, Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија во Фејбук соопштение извести дека се избрани Лара Трпческа и Ирина Давидовска за претставници на Република Македонија на Јуниорски Евросонг 2022 година по предлог на Комисијата, а по претходно одржана Аудиција.
Од јуни, па сѐ вчеравечер, избраните евровизиски претставници ја подготвуваа песната со која ќе ги бранат боите на Македонија на сцената во Ерминија, а за истата снимија и видео заспис.
Песната и видеото, вчеравечер беа премиерно претставени на македонската јавност во рамките на Дневник 2, на МРТ.
По овој повод, се огласи и познатиот пијанист Симон Трпчески, кој им посака многу среќа на неговата ќерка и целито тим.
„Песната „Животот е пред мене“, ќе нè претставува на 20-тото издание на Јуниорскиот Евросонг 2022!
Напред Лара, Јован и Ирина!
Горд сум што сум дел од македонскиот тим - Лара (мојата ќерка), Јован и Ирина, кои ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот детски Евросонг во Ереван, Ерменија!“ - напиша познатиот пијанист покрај видеото на кое ја свири и пее евровизиската песна.
фото: Принтскрин / Јутјуб