Сметате дека пеете како Фреди: Оваа страница ќе ви ја открие вистината

Сметате дека пеете како Фреди: Оваа страница ќе ви ја открие вистината

Објавена во: Stars // Музика

Bohemian Rhapsody, We Are The Champions и другите песни на групата Queen влегуваат помеѓу најпознатите хитови во историјата на рок музиката. Веќе на првиот такт многумина веднаш знаат дека следува единствениот глас на Фреди Меркјури, кој сите барем еднаш сме пробале да го имитираме под туш. Но сега можете да испробата нова алатка која со алгоритмите на Google може да препознае колку сте блиску до гласот на Фреди.

FreddieMeter е новата страница позади која стојат Google и неколку изведувачи од популарната група. Овде можете едноставно да испеете некој од хитовите на Queen, а во позадина ќе се анализира детално вашиот глас и ќе се спореди со гласот на Фреди. Ќе добиете резултат на скала од 0 до 100.

Од Google напоменуваат дека снимките од вашиот глас нема да останат на ниту еден сервер. Целата оваа приказна има и хуманитарен дел, бидејќи оваа страница ги поттикнува луѓето да донираат во Фондацијата Mercury Phoenix, која се бори против ХИВ и СИДА.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: