Снаата на Брена израснала во Косово и завршила два факултети: Девојката на Виктор ја носела и титулата „Мис“
Милица Томашевиќ едно време била и водителка на РТС...
Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ не крие колку е среќен во врската со актерката од популарната серија „Игра судбине“, Милица Томашевиќ.
Сепак, малку кој знае дека Милица завршила два факултети, а своевремено работела и на РТС, каде ја водела емисијата „Луда народна ноќ“.
Актерката израснала во Косово, каде и ја добила титулата „Мис на Косово и Метохија“ во 2011 година, пишува „Блиц“.
Таа детството го поминала во родниот Зубин Поток, каде живеела до 13 години, по што се преселила во Белград. Завршила на Факултетот за уметност во Косовска Митровица, како и економија, која ја паралелно ја студирала. Сепак, како што истакнува во интервјуата, глумата ѝ е на прво место.
„Размислував за архитектура, но изборот падна на економијата, па заедно со оној за глума, полагав приемен и на Економскиот факултет и бев прва на ранг листата. Потоа одлучив да ги завршам и двете студии и бев принудена да се снаоѓам, по три месеци поминував дома и во Белград и некако успевам секогаш да вклопам сѐ. Беше тешко, но издржав, а сега економијата добро ми помага да се снајдам. Дури и колегите често ме прашуваат за економски и банкарски совет“ - изјави Милица во една прилика за „Глорија“.
Милица важи за една од најзгодните дами на јавната сцена, а иако има и најголеми природни атрибути меѓу своите колешки, таа не го истакнува тоа. Многу е активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотки до сетовите, но и од луксузните патувања.
фото: Принтскрин / Инстаграм