Снеже Велков на 10 години сонувала да работи на ТВ, 29 години подоцна го живее сонот (ФОТО)
Уште кога имала 10 години, познатата водителка која ја гледаме на малите екрани, Снеже Велков сонувала да биде дел од телевизијата. Имала точно зацртана цел, која денес 29 години подоцна и е остварена. Таа е реализиран тв водител со остварени цели и во други области но и нови идеи замисли и планови пред себе.
На социјалите мрежи Снеже објави една фотографија баш од времето кога глумела дека е водителка споредбена со фотка од денес кога веќе е остварена во таа улога.
„Лево Малото Жане.
Плавокосо девојче со точно зацртана цел кога ќе порасне да работи на телевизија.
Подготовките ги почнува така што прво ја прилагодува фризурата за на ТВ.Да биде иста како Анета од Пулсирања(Емисија за млади на МТВ во '90) па чита најава на програма пред огледало дома во Каменица и глуми дека е ко Миланка Рашиќ...
Десно е Снеже Велков
Реализиран тв водител со остварени цели и во други области но и нови идеи замисли и планови пред себе.
Долга коса прилагодена за сопствени визии и мисии
Жането е на 10 години Снеже е постара за 29.Но насмевката и жарот во очите се исти и кај Жането и кај Снеже Велков.
-Сонувајте,посакувајте но не заборавајте будни да си направите план и да итате кон целта. Оти ако не тргнете во акција- џабе фризурата“, напиша Снеже во постот на фотграфијата.
Снеже Велков, во март годинава наполни 39 години.