Со 41 диносаурус, од кои дел се движат и испуштаат звуци: Утре се отвора Дино Парк Скопје

Со 41 диносаурус, од кои дел се движат и испуштаат звуци: Утре се отвора Дино Парк Скопје

Објавена во: Совети // Другарство

Новата туристичка атракција во Скопје која долго се очекуваше, конечно ќе ги отвори вратите на посетителите утре.

Вратите на Дино Парк Скопје ќе бидат отворени за посетители од утре, од 09:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари, а паркот ќе биде посебно доживување за најмалите, но и за возрасните посетители велат од Скопје ЗОО.

Ве очекуваме во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се мултимедијални- се движат и испуштаат звуци.

Праисториските диносауруси од јура и креда периодот се омилени кај најмладата популација и со пуштањето во употреба на оваа едукативна и забавна атракција- проект кој е заеднички на Градот Скопје и Зоолошката градина, веруваме дека ќе придонесеме за туристичката понуда во градот.

Се гледаме утре (Влезот е од Градскиот парк)“ - соопштија од скопската Зоолошка градина.

Погледнете како изгледа дел од Дино паркот:


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: