Со чадор ги нападна папараците, ја избричи главата, ги изгуби и децата и правото да одлучува: Како Бритни Спирс ја изгуби контролата

Со чадор ги нападна папараците, ја избричи главата, ги изгуби и децата и правото да одлучува: Како Бритни Спирс ја изгуби контролата

Објавена во: Stars // Музика

Бритни Спирс ја дочека 2007 година со две деца, луди папараци и среде развод, а таа година го најави и почетокот на еден од најлошите периоди од нејзиниот живот.

Една од најчесто објавуваните фотографии од периодот кога поп принцезата минуваше низ многу тежок период е токму онаа каде Бритни е бремена, со едното дете во рацете,  седи во ресторан и плаче, пред настаните од 2007 година, а токму 2007 година ќе остане засекогаш синоним за Бритни Спирс.

Развод

Кога јавноста слушна за нејзиниот развод, на сите им олесни и помислија дека старата Бритни ќе се врати, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн (43) се сметаше за главен виновник и прогнозите беа дека сè ќе биде подобро со неговото заминување. Но, никој не можеше ни да претпостави за следните падови на светската sвезда.

Бричење на главата

Како и со бегството на О.Ј. од полицијата, повеќето Американци се сеќаваат кога талентираната русокоса пејачка со насмевка на лицето си ја избричи главата. Така Бритни побегна од папараците, придружувана од телохранител, влезе во фризерски салон и побара фризура, фризерот ја одби од страв, па пејачката сама ја зеде машинката за бричење. 

фото: Pixsell/pierpaolomariani.it/instagram

„Не сакам повеќе да ме допираат. Не сакам никој да ме допира “, рече Бритни опкружена со папараци додека излегуваше од салонот.

фото:screenshot

Сите се смееја, тоа беше одраз на културата од тоа време, познати водители, познати новинари се потсмеваа на нејзината нова состојба, а остатокот од населението ја гледаше како сиромашна, а богата жена која само бара внимание.
Папараците тргнаа по неа и во еден момент Бритни почна да удира по автомобилот на папараците со зелен чадор.

фото:screenshot

- Тогаш минував низ многу работи со моите деца и Кевин. Ме остави и јас бев скршена. Сите мислеа дека глумам лудило, поминав низ многу, на некој начин со бричењето на главата го покажав својот бунт или чувство за слобода - призна Бритни една година подоцна.

По тој инцидент, Кевин Федерлајн побара старателство над своите синови, а Бритни беше испратена на лекување во центар за рехабилитација каде што остана еден месец. 

Ако барате неволја, погледнете директно во мене

Тоа е почеток на песната „Give me more“ со која тимот на Бритни го испланира нејзиното големо враќање по тригодишно отсуство од сцената.
Пејачот на Грин Деј, Били Џоел Амстронг (49) со неколку зборови го опиша она што сите го видоа во 2007 година на доделувањето на Награди на MTV:

- Гледањето во Бритни Спирс беше како да гледате јавно погубување. Како луѓето на МТV, луѓето околу неа, не гледаат дека оваа девојка е заебана? Луѓето дојдоа да ја видат и добија повеќе отколку што бараа. Со сина перика, сини леќи, без ритам во танцувањето, лоши потези и пеење на плејбек, на сите им беше јасно дека ова не е истата Бритни што танцуваше на таа сцена пред пет години и пееше со змија околу вратот.

фото:AFP

После тој настап Бритни го загуби старателството над своите синови, но за чудо сите сепак сакаа да ја гледаат, папараците лудуваа по неа откако изјави дека била девица која на 17 години во оскудна облека позирала за списанието Ролинг Стоун, и покрај тоа таа продолжи да пее на плејбек, фановите беа воодушевени од нејзиниот петти албум „Blackout“, кој главно беше создаден од тим поп-продуценти.

Губење на контролата

Пресвртна точка во нејзиниот личен живот се смета 2008 година, кога нејзиниот татко Џејми ја презеде контролата врз одлуките поврзани со нејзиниот личен живот, вклучувајќи храна, облека, медицинска нега и финансии. 

фото:JLP

Поради многуте инциденти, сметал дека е добра одлука во тоа време, а неговото старателство беше продолжено на неодредено време подоцна истата година. Бритни тогаш имала 27 години, а семејството се финансирало од неа, од нејзината 10-та година.

Конечно после долги години под старателство, Бритни одлучи да проговори, раскажа сè и полошо е отколку што мислевмеМи вградија спирала за да не можам да имам деца

Вистината за Бритни Спирс: Зошто и како нејзиниот татко ја држи во “канџи“

Нејзините синови сега имаат 14 и 15 години.

извор:24sata.hr

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: