Со денови биле изгубени во дивина: Храбрите сестри биле пронајдени благодарение на една работа
Сестрите Карико, 8 - годишната Леја и 5 - годишната Керолајн изчезнале и по масовната потрага во која учествувале 100 полицајци и спасувачи, меѓу кои имало и припадници на Националната гарда и американската крајбрежна стража, биле пронајдени во Северна Калифорнија. Последен пат биле видени пред нивната куќа во Бенбо, мало гратче на 320 километри од Сакраменто.
Сестрите биле пронајдени во дивината на Северна Калифорнија. Тие две се членови на еден локален клуб, каде што поминале обука за преживување на отворено, што многу им помогнало во оваа ситуација. Пронајде се така што спасувачите ги следеле трагите од гумените чизми и пакувањата од житните штангли.
Two sisters, aged eight and five, who got lost in California woodland for two days have been found safe and well https://t.co/pKXN6xrZw1
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 4, 2019
Локалниот шериф, Вилијам Хонсал вели дека е навистина чудо што биле пронајдени живи и здрави, поради што сега сите се задоволни.