Со една фотографија им ги затвори устите: Татко на дете со Даунов синдром ги засрами колегите по нивната шега
Колегите несвесно го повредиле таткото на дете со Даунов синдром откако се исмевале со луѓето со попреченост. Неговиот одговор ги замолкна засекогаш.
Шенон Датри и нејзиниот сопруг Дастин се горди родители на три деца.
Нивната најмлада ќерка Реган има Даунов синдром, но тоа никогаш не го забавило ова семејство.
Еден ден, за време на ручекот на работа, Дастин слушнал разговор што го повредил. Кога ѝ го кажал разговорот на сопругата, таа решила да го сподели на Фејсбук за да ги освести луѓето за зборовите кои ги користат, свесно или несвесно.
Таа напишала:
„Не можам да се ослободам од чувството што го добив откако мојот сопруг ми кажа што му се случило денес. Не сакав да го споделам тоа, но решив дека ако само една личност освестан, тогаш сум постигнала нешто.
Мојот сопруг Дастин вчера беше на работа и седел на голема маса со уште 14 колеги. Тоа биле неговите колеги кои тој лично не ги познава, но секогаш се поздравуваат кога ќе се видат.
Еден од тие колеги почнал да зборува за забавата по повод „Ноќта на вештерките“ на која присуствувал. Тој кажал: „Човеку, брат ми дојде на забавата во најдобриот костим досег.а Се облече како РЕТАРД! Беше урнебесно! Беше одличен. Изгледаше како вистински ретард“. Мојот споруг во тој момент се избезумил и само седел таму обидувајќи се да ги собере своите мисли. Во меѓувреме, некои колеги почнале да се смеат на таа приказна, а други само слушале. Тогаш Дастин, речиси со забавен израз на лицето прашал: „Чекај, чекај, како изгледа еден ретард?“, на што добил одговор: „Не знам, но тој беше совршен ретард“.
Дастин потоа го извадил мобилниот телефон, отворил фотографија од нашата ќерка, го ставил мобилниот на средината на масата и им кажал: „Ова е мојата ќерка, Реган“. Сите присутни, вклучително и човекот која ја раскажувал приказната, се наведнале да ја видат фотографијата. Почнале да се восхитуваат колку е слатка и мила.
Дастин потоа погледнал во колегата која ја раскажувал таа приказната и му кажал: „Ви благодарам, прекрасна е. Таа има Даунов синдром. Значи, сигурен сум дека можете да замислите дека не го ценам овој разговор за костимот. Само се прашувам, дали ти изгледа ретардирано?“.
Се разбира, устите им останале отворени од шок, а молкот го прекинал именуваниот маж кој почнал да се извинува, велејќи дека не мислел така...
Дастин тогаш им објаснил зошто тој збор е толку болен, зошто не треба да се користии колку е навредлив кога се користи за да се опише шега и костим. Да, сигурна сум, дека на сите им било прилично неудобно. Но, мислам дека тие луѓе си заминале дома со сознанието зошто тој збор е толку навредлив и суров, особено за семејствата како нашето. Мислам дека еден од присутните си заминал дома особено засрамен.
Барем нешто добро излезе од сето тоа, но сепак ме растажува тоа што некои луѓе на нашите деца гледаат како да се шега. Сум го кажала тоа илјада пати. Во речникот има многу зборови што може да се користат наместо зборот на буквата „Р“.
Ве молам, за Реган, користете некој друг збор“.
фото: Принтскрин / Faithit.com