Со емотивна објава и топлес видео Клои Кардашијан се обидува да докаже дека не се фотошопира: Проговори за контроверзната фотка на Интернет

Со емотивна објава и топлес видео Клои Кардашијан се обидува да докаже дека не се фотошопира: Проговори за контроверзната фотка на Интернет

Објавена во: Мода // In and Out

Фотографијата од Клои Кардашијан без филтри и фотошоп почна да се објавува на сите социјални мрежи со брзината на светлината, а цел тим на Клои се обидуваше да ја отстрани од Интернетот, сепак неуспешно.

Сега Клои Кардашијан (36) објави видео на кое е топлес и напиша емотивен пост откако интернетот беше преплавен со нејзина фотографија која не е обработена во фотошоп и која ja покажува како изгледа навистина, во природно издание.

Контроверзната фотографија ја направи бабата на Клои Мери Џеј за време на велигденскиот викенд, но не требаше да заврши на социјалните мрежи. ПР-тимот во моментов се обидува да ја отстрани фотографијата од Интернет и тврди дека станува збор за неовластено објавување, а странските медиуми истакнуваат дека за оваа грешка е виновна асистентката на ријалити sвездата, на која сега ѝ се заканува отказ. 

По овој настан Клои направи фотографии на Инстаграм во спортска облека и топлес за да докаже дека сите нејзини објави не се фотошопирани.
Кардашијан се фотографирала во огледалото со едната рака покривајќи ги градите и покажувајќи дефиниран стомак.

- Еј, луѓе, ова сум јас и моето неуредно и нефотошопирано тело. Мојата фотографија што беше објавена неделава е прекрасна. Но, како некој што се борел со изгледот на своето тело цел живот, кога некој ќе ве фотографира на светло што е слабо или не го покажува вашето тело како што е после напорно вежбање и потоа го споделува со светот, имате потполно право да побарате да не ве споделуваат без разлика кој сте. Вистината е дека притисокот и очекувањето целиот мој живот да биде совршен се премногу за да се справам со тоа - започна Клои.

„Клои е дебела сестра. Клои е грда сестра. Нејзиниот татко сигурно не е нејзиниот вистински татко затоа што изгледа многу поразлично. Единствениот начин на кој може да изгуби толку многу килограми е операција“. Треба ли да продолжам? - праша Клои.

 „Секако, не барам сочувство, туку вие да ме почитувате како човечко суштество. Не сум совршена, но ви ветувам дека ќе се обидам да го живеам секој ден од мојот живот што е можно поискрено и со емпатија и љубезност. Тоа не значи дека не правам грешки. Но, јас нема да лажам. Речиси е неподносливо да се обидам да ги достигнам невозможните стандарди што ми ги постави јавноста - додаде Клои.


- Повеќе од една деценија, секоја маана и несовршеност е микроанализирана на фотографиите, и вие ме исмевате поради најмалите детали, и секој ден светот ме потсетува на тоа - додаде таа.

- И кога ќе се обидам да ја искористам таа критика како мотив да се доведам во најдобра форма во мојот живот и да им помагам на другите со истите проблеми, тие ми велат дека не сум го сторила тоа преку напорна работа и дека сум платила за сето тоа - додаде таа.

- Не можете да се навикнете на осуди и реченици дека не сте привлечни, и особено ако го слушате тоа повеќепати, тогаш почнувате да верувате во тоа - додаде Клои.

- Моето тело, мојата фотографија и тоа како избирам да изгледам и што сакам да објавам е мој избор. Никој не може да одлучи или да суди што е прифатливо или не. За оние кои постојано чувствуваат притисок дека не се доволно совршени, сакам да знаете дека ве гледам и разбирам. Секој ден, моето семејство и пријателите, кои ме сакаат, ми велат дека сум убава, но знам дека морам сама да верувам во тоа. Сите ние сме единствени и совршени на свој начин - заклучи Клои.

На емотивниот пост таа собра околу 3 милиони лајкови и коментари од обожавателите.


фото/видео: Инстаграм/ khloekardashian


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: