Со години имаше проблем - сега конечно го реши: Џејла Рамовиќ се огласи по операцијата
Младата пејaчка откри за што размислува и како се чувствува...
Пејачката и победничка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ правеше операција и го реши проблемот кој долго го имаше.
Деталите никогаш не ги изнесуваше во јавност, но сега одлучи да сподели како се чувствува.
„Зад кулисите, во секоја смисла. Го решив проблемот кој го влечам веќе години наназад. Операцијата на коленото е завршена“ - напиша таа на Инстаграм.
„Жива сум, здрава сум и заздравувањето напредува одлично“ - додаде покрај фотографијата на кој се гледа дека носи имобилизатор на коленото.
фото: Принтскрин / Инстаграм