Со години ја криеше: Селма Хајек на премиерата на филмот се појави со ќерката и конечно покажа како изгледа
Холивудската актерка Селма Хајек присуствуваше на премиерата на филмот „Eternals“, а друштво ѝ правеше нејзината ќерка Валентина Палома Пано, која со години ја криеше од јавноста.
Иако е многу активна на социјалните мрежи и често со своите следбеници споделува детали од приватниот живот, холивудската актерка својата ќерка Валентина отсекогаш ја криела од очите на јавноста. Кога споделува фотографија на социјалните мрежи со неа, секогаш се труди лицето да ѝ биде сокриено.
Познатата Мексиканка во една прилика исткана дека сака својата ќерка да ја поштеди од рефлекторите и притисокот на јавноста, а можеби причината за тоа е токму тоа што Селма во еден момент од својот живот беше киднапирана.
Премиерата на филмот „Eternals“ во Лос Анџелес собра многу холивудски ѕвезди, а иако ја игра една од главните улоги, никој не очекуваше дека Селма ќе се појави со својата ќерка Валентина.
Валентина има 14 години, а најновите фотографии се доказ дека ја има наследено егзотичната убавина на мајка ѝ. Валентина ја обожува модата поради што со Селма често се појавува на модни ревии и настани.
фото: getty images
Освен тоа, Селма за премиерата одбра фустна со деколте, кое ги откри нејзините бујни гради. Актерката во една прилика изјави дека нејзините гради постојано растат.
„Постојат некои жени на кои градите им растат додека се дебелеат, а на други им растат кога ги дојат децата. Во некои случаи растат и во менопауза. Јас случајно сум една од жените на која тоа ѝ се случува секој пат! Кога се здебелив во бременоста и за време на менопаузата“ - кажа Селма и додаде:
„Тие растат и растат и мојот грб навистина пати од тоа.“