Со Иван никогаш не сме заедно за Нова година, но станува навика: Празнично интервју со Антониа Гиговска

Со Иван никогаш не сме заедно за Нова година, но станува навика: Празнично интервју со Антониа Гиговска

Објавена во: Stars // Интервјуа

За помалку од 3 дена ќе ја испратиме 2021, а ќе ја дочекаме 2022 година, година која кај многумина носи надеж за подобри денови, полни со убави приказни кои ќе ги прераскажуваат со години. За минатата година, и она што го очекува од следната поразговаравме со Антониа Гиговска, девојката која во текот на 2021докажа и покажа зошто е дел од македонското музичко небо.

Антониа веќе неколку години е во љубов со Иван Јованов, фронтменот на Либеро бенд, со кој и живее заедно. Тие веќе наголемо уживаат во новогодишната атмосфера која владее во нивниот дом, а пејачката ни откри кој бил задолжен за создавањето на истата.

„Искрено, ни беше забавно… Накитивме елка, купивме лампиони, бев среќна па сѐ што имаше од лампиони купив. Иван сакаше сама да ја накитам елката, но некако му стана забавно и се придружи.“ – раскажа Антониа, а потоа се осврна на нивното милениче, за кое мислеле дека ќе се „погрижи“ за елката:

„Секогаш заедно правиме сѐ, од украсување , до уредување, детали и слично. Мислевме дека Боно ќе биде задолжен за елката и дека кога ќе дојдеме дома ќе ја нема, но за среќа згрешивме.“

Бидејќи Новата година е и период на дарување, не можевме, а да не прашаме кој подарок ќе го паметат засекогаш.

„Ух.... искрена да бидам, не знам... Не сум добивала многу подароци за Нова Година, а и Иван исто така. Најголем подарок ми е семејството.“

Со дарувањето секогаш е тесно е поврзан и Дедо Мраз, а во нивната празнична приказна Иван е оној кој сѐ уште верува во дедото со бела брада.

„Хаха... Па сигурно со тек на време почнав да верувам само во стварни работи, а Иван верува уште.“

Иако нивното љубовно гнездо одамна е украсено, Антониа и Иван за дочекот на Новата година и празниците нема да бидат еден покрај друг.

„Никогаш не сме заедно за Нова Година и сите денови пред и после неа, затоа што работиме. На најубавите празници како Божиќ, Бадник секогаш сме заедно со семејството. Навика станува, па затоа и нема простор за нервоза и лутење, тоа ни е професија, работа.“

Со Новата година доаѓаат и новите желби, а Антониа за себе има навистина скормни желби, но со големо значење.

„Она што јас би го оставила зад себе се сите оние тешки моменти кои што сум ги имала сама со себе од разно разни причини. Убавите моменти, спомени, помалку убавите моменти, мноогу солзи преку мојата музика и новите проекти, но и многу насмевки. Во новата година сакам да сум успешна, среќна, здрава, жива и опкружена со вистински пријатели.“ – ни откри пејачката, која додаде и ексклузивно најави дека со Иван подготвуваат изненадување до нивните обожаватели:

„Ух... Ви најавуваме еден дует Cover на инстаграм.. Преубава песна. Инаку нон-стоп пееме и се снимаме, сега имаме и студио дома, па можете да замислите.“

За крај, Антониа испрати и најискрени честити и до вас – нашите верни читатели:

„ Да сте многу здрави, среќни, радосни и успешни во новата година. Читајте ХашТаг и следете ги моите нови проекти. Фала ви многу за поддршката и убавите зборови. “

И. Мисајловска


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: