Со кавер на песна од Битлси собираат пари за Украина: 8-годишни момчиња му одржаа лекција за хуманост на целиот свет (ВИДЕО)
Џејкоб и Оливер од Велика Британија смислија свој кавер за песната „Let It Be“ од Битлси и на тој начин собираат средства за помош на Украина....
Две осумгодишни момчиња, Џејкоб и Оливер од Велика Британија, на мелодијата од песната „Let It Be“ на Битлси снимија кавер со цел да соберат парични средства за помош на Украина, пишува Би-Би-Си.
Момчињата заедно одат на часови по пеење и таму добиле инспирација за каверот, а Џејкоб, кој на видеото свири клавир, кажал дека „песната има навистина добра мелодија“ и дека промената на зборовите им делувала како добра идеја. „Сакаме да им помогнеме на децата кои се погодени од војната“ - додаде тој.
Веста за овие дечиња стигна и до музејот „The Beatles Story“ во Ливерпул, кој им предложи да свират на клавирот кој му припаѓал на Џон Ленон.
„Многу напорно работевме на тоа и иако и давајцата сме прилично зафатени, успевавме да најдеме време за вежбање за оваа изведба да биде најдобра“ - раскажа Ема, мајката на Џејкоб.
Нивната цел е преку оваа изведба да соберат парични средства и ја остваруваат, бидејќи за кратко време, успеале да соберат околу 500 фунти парична помош.
фото: Принтскрин / Јутјуб