Со кој Мартија замина на патување во Милано? – Една фотографија ја издаде пејачката
Младата пејачка Мартија Станојковиќ е на патување во Италија.
Мартија по работните ангажмани кои ги имаше изминатиот период одлучи да направи пауза со патување во големиот моден центар, Милано.
Очигледно Мартија ужива во најразлични гастрономски специјалитети, но и во луксузниот ентериер од хотелот во кој е сместена.
Пејачката во Италија не е сама, бидејќи на една од фотографиите се гледа машка силуета во отсјајот на прозорецот, додека таа позира на софа во мини здолниште и високи потпетици.
Пејачката изминатиот период на неколку јавни настапи се појави со нејзиното ново момче на кое сè уште му го нема откриено името.
Фото: Инстаграм