Со музика почнал да се занимава на 5 години, а денес е еден најпопуларните српски пејачи: Го препознавате ли момчето на фотката?
Неговата кариера почна да се движи по нагорна линија од 2004 година...
Композицијата „Лане моје“ го однесе на најпрестижното музичко натпреварување „Евровизија“, каде замина како претставник на Србија и Црна Гора. На воодушевување на многумина, го зазеде второто место. Потоа, во истото натпреварување повторно се испроба во 2012 година со песната „Није љубав ствар“. Тогаш заврши на третата позиција. По Марија Шерифовиќ, тоа се двата најдобри пласмани на Србија на Евровизија. Денес е во среќен брак со познатата српска водителка Јована Јоксимовиќ.
Жељко Јоксимовиќ издаде многу албуми, а неговата музика е препознатлива и позната како во Србија, така и во целиот регион, Европа и светот. Талентот го покажал од мали нозе, а подоцна го искористил на најдобар можен начин.
На 4 години станал ѕвезда, со оглед на тоа што бил најдобар хармоникаш помеѓу врсниците.
фото: Принтскрин / Јутјуб