Со неколку едноставни чекори до маникир како до салон за убавина: Не треба да бидеш уметник

Со неколку едноставни чекори до маникир како до салон за убавина: Не треба да бидеш уметник

Објавена во: Мода // Moj стил

Совршен маникир без да одиш на козметичар...

Со доаѓањето на топлите денови, боите и дезените стануваат дел од сите комбинации, а ги носиме и на ноктите. Вистина, монохроматските лакови за нокти се класика со која не можете да погрешите, но сѐ популарните трендови на цвеќиња, разни облици и бои на нокти се апсолутно освојувачки.

Ти здодеаја еднобојните лакови, на Инстаграм и ТикТок наидуваш на супер слатки маникири, но не си сигурна дали можеш да ги изведеш дома? Не е потребно многу за ефективен маникир како од салон за убавина. Одговараат на секоја должина на нокти, дури и на оние кои се кратки. Во тоа ќе се увериш по следните неколку примери кои ја прикажуваат изработката чекор по чекор. И не, не треба да бидеш уметник за да имаш вистинско мало уметничко дело на ноктите.

Исечи ленти од селотејп или која било леплива лента во посакуваните форми. Залепи ги на ноктите и излакирај се во посакуваната боја. Кога ноктите ќе ти бидат убаво исушени, тргни ги лентите и ќе добиеш ефективни нокти со предобри форми. За уште подобар ефект, претходно ноктите излакирај ги во една боја, почекај малку да се исушат и потоа во друга боја направи ја оваа постапка со ленти. Најдобро од сѐ е тоа дома сигурно имаш и ленти селотејп и лак, па така нема да мора да трошиш пари.








Како што гледаш, можностите се неограничени, а на овој начин можеш да направиш и француски маникир.


фото: Irina Pechorina / Shutterstock

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: