Со помош на трик измами милиони, на крај сите се воодушевени: Девојка вешто ја прикрива својата „маана“ (ВИДЕО)

Со помош на трик измами милиони, на крај сите се воодушевени: Девојка вешто ја прикрива својата „маана“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Не била задоволна со еден дел од лицето, но потоа открила трик со чија помош толку вешто ја прикрива својата „мана“ што никој не ја забележува разликата.

Девојките кои имаат проблем со „високото чело“, односно граничната линија на челото и косата им е екстремно повлечена кон врвот, па изгледа дека имаат големо чело, би можеле многу лесно да го решат овој проблем.

Таков проблем имала Скај Витли, дури размислувала за можноста да пресади коса на тој дел од челото, а потоа открила трик и сега преку TikTok го сподели со широката публика.

Користејќи шминка и сенчење, таа успева визуелно да „лажира“ од каде почнува нејзината линија на коса и толку добро што никој не ни забележува дека нејзината коса не е вистинска.


Скај користи молив за веѓи и црта лажна линија на косата. Потоа користи темно кафеава нијанса за да ја спои со „лажната“ линија на косата и да создаде илузија на дополнителна коса на челото. Потоа ја усовршува својата нова линија на коса со коректор и го контурира челото како и обично, за да го дефинира и да го намали.

Оние кои го виделе видеото се воодушевени и многу од нив ќе се обидат да го направат истото на своето лице.

Фото: Printscreen TikTok


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: