Со Стрелците внимавајте што зборувате: Какви се другите знаци како пријатели?

Со Стрелците внимавајте што зборувате: Какви се другите знаци како пријатели?

Хороскопот и пријателството - кој е најдобар пријател од сите хороскопски знаци?

Астрологот Александра Бјељац објаснува како секој хороскопски знак се однесува во пријателските односи.

# Овен

Имплусивни, привлечни, реагирате во моментот, па така сте тука кога на некој ќе му затреба можност. Иако не ги разбирате најдобро личностите со констатни проблеми и едноставно немате сила тоа секојдневно да го слушате и решавате. Целата позитивна енергија ја пренесувате на своите пријатели.

# Бик 

Потребно ви е време некој навистина да го доживеете како пријател, но кога ќе се случи тоа и некој ви ги докаже својата доверба и приврзаност, тоа е за цел живот. Тогаш навистина сте приврзен и верен пријател. Повеќе сте посесивни и сакате личноста која ја сметате за пријателот никогаш да не ве споредува со другите. Ги цените луѓето кои се тука за вас кога е потребно.

# Близнаци

Имате повеќе пријатели, но вие едноставно верувате само во себе. Воглавно имате паметни и логични решенија за луѓето во вашето окружување. Пријателствата ги склучувате спомнатано, слушате што другиот зборува и сите негови проблено, но и ги паметите. Сметате, дека секоја информација може да ви дојде добро. Многу сте мудри во односот со пријателите и оние кои тоа не се.

# Рак

Емотивни сте, но не барате помош од пријател. Очекувате дека вашата блиска личност треба сама да почувствува што ви треба. Малку сте несигурни како пријател. Се зависи од вашето расположение, но сакате добро да ги сослушате пријателите пред да изреагирате на нивниот проблем.

# Лав

Ужувате да им помагате на другите. Сакате кога пријателите ќе ви заблагодарат за вашите добри дела. Повеќе помагате и сте тука за другите, но не сакате да барате помош. Тоа тешко ви паѓа. Сочувствителни сте и полни со разбирање, иако пријателите кратко ги познавате.

# Девица

Вие сте на земја и прибрани во секој момент. Се што другите не може да решат, вие сте тука да се соочите со реалните работи и без чувства, реално и приземно го решавате проблемот. Вие сте добар пријател, но и силен непријател.

# Вага

Делувате малку отсутно додека ги слушате другите, но сте добар пријател. Сакате да советувате, добро ги проценувате работите. Правични сте. Само ви е потребно да не вознемируваат повеќе кога сакате време само за себе. Ретко барате помош од пријателите. Очекувате дека тие да се интересираат за тоа како сте и што правите.

# Шкорпија

Вие сте опасни непријатели доколку ве изневери некој. Но сте посветени и верни пријатели на кои слободно може се доверат сите тајни. Ви треба време да добиете доверба и да кажете дека некој ви е пријател. Го сакате својот мир, а и знаете да се одмаздувате. Па, со вас треба само искрено.

# Стрелец

Вие сте вистински пријатели! Ќе направите се и ќе дадете се од себе за да помогнете. Но со вас треба внимателно и треба да се избегнуваат кавги. Не треба некој да се замара со вас, бидејќи умеете да бидете одмаздољубиви по природа. Кога ќе кажете нешто, тоа навистина го мислите. Одите во сржта на проблемите, директни сте. Со вас може да се дружат само луѓе кои размислуваат слично на вас.

# Јарец

За вас е потребно време и трпение, бидејќи немате многу доверба во луѓето. Но, кога тоа ќе се случи, вие сте секогаш тука. Изненадувате со својата посветеност и со тоа што сте тука кога вашите пријатели имаат проблеми. Делувате ладно и резервирано. Паметите се и тешко простувате кога ве изневеруваат. Вие сте лоши непријателите, но како пријатели сте добри.

# Водолија

Скоро секогаш ги штитите и застанувате зад своите пријатели. Брзо и лесно склопувате пријателства и брзо се зближувате со луѓето. Кога другите имаат проблеми, секогаш ќе бидете тука. Вие сте прекрасни пријатели на кои секогаш може да се потпрат.

# Риби

Емотивни и интуитивни. Знаете да навредите, а туѓите тајни лесно можете да им ги пренесете на другите. Со вас треба внимателно. Сочувствувате со вашите пријатели. Сакате да се занимавате со нивните проблеми. Вие едноставно чувствувате и секогаш ја слушате својата интуиција, секако и во однос со пријателите.

Можеби ќе ве интересира: