Со својот глас го освои светот, потоа трагично нѐ напушти: Животната приказна на Ејми Вајнхаус

Со својот глас го освои светот, потоа трагично нѐ напушти: Животната приказна на Ејми Вајнхаус

Објавена во: Живот // Живот

Денес се наврушуваат 10 години од денот кога една од најпознатите музички ѕвезди, Ејми Вајнхаус нѐ напушти....

Ејми зад себе остави бројни хитови, а нејзиниот живот го следеа и бројни скандали. Имено, покрај фантастичниот глас, беше позната и по бурниот живот и „испадите“ кои често ѝ се случуваа среде борбата со зависноста од наркотици и алкохол.

Ејми е родена во еврејско семејство од Саутгејт во Лондон и живеела со татко ѝ Мич кој бил таксист, мајка ѝ Џенис која работела како аптекарка и пратот Алекс.

Татко ѝ често на Ејми ѝ пеел песни од Френк Синатра додека била мала, а оваа навика ја пренел и на својата ќерка која подоцна во училиште тешко ја смирувале, бидејќи пеела и за време на часовите.

На девет години се запишала во театарско училиште, каде поминала четири години, а потоа одела во училиштето на Силвија Јанг, од каде што ја избркале поради пирсот на носот.

Љубовта кон музиката со текот на годините станува посериозна и на 13 години Ејми ја добила својата прва гитара, а потоа започнала да пишува музика. Тие години се обидела и како новинарка во шоубизнисот и настапувала со џез бендови.

Големата популарност ја добила по објавувањето на првиот албум, по што нејзините музички успеси само се ределе.

Една од нејзините најпопуларни песни „Rehab“ настанала сосема случајно во студио, додека таа му се жалела на својот продуцент дека родителите и пријателите ја терале да започне со лекување поради зависноста од алкохолот. 

Својот последен концерт го одржа помеѓу 18 и 19 јуни, 2011 година во Белград, на кој едвај стоеше на нозе и на сцената се задржа само 11 минути.

Како што порано пишуваа странските медиуми, последните моменти од својот живот ги поминала лежејќи во кревет со шише водка, гледајќи ги своите спотови и тогаш наводно си се смеела на самата себе.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: