Социјалните мрежи повеќе нема да бидат бесплатни? Една веќе воведе претплата - наскоро ќе се плаќа и кај нас
Ако сакаш некои интересни опции, ќе треба да платиш...
Веќе беше најавено дека Инстаграм ќе воведе претплата преку која ќе можеш да се претплатиш на профилот на некој инфлуенсер за да добиваш дополнителни можност за да комуницираш со него и да имаш преглед во дополнителните содржите кои ги објавува, а сега уште една социјална мрежа најави претплата.
Овој пат, претплата воведува Снепчет! Нема да биде задолжителна, и понатаму ќе можеш да го користиш бесплатно, но нема да имаш некои погодности кои ќе ги имаат оние кои ќе плаќаат. Во некои држави оваа опција веќе пристигна и корисниците не се лути, туку спротивно, бројот на претплатници им порасна откако го воведоа овој вид на претплата, пишува „The Verge“. Не е скапа, 4 долари (поточно 3.99), а носи неколку погодности кои корисниците изгледа ги сметаат за доволно добро за на месечно ниво да ги плаќаат тие 4 долари.
Откако ја воведоа оваа опција на крајот на јуни, досега еден милион корисници одлучиле дека сакаат да ја користат! И што носи таа? Ако платиш, можеш да ја промениш иконата на апликацијата, како да видиш кој го гледал твоето стори, но исто така да ги „закачите“ пријателите на врвот на листата за разговори.
Тоа се само некои од поволностите што ги имаат оние што плаќаат. Има уште неколку ситници кои сега ќе ги направат нивните објави уште поинтересни. Најавија дека ќе почнат да се појавуваат и огласи и секако тие што плаќаат најверојатно нема да ги имаат. Плаќањето на Снепчет засега не е достапно кај нас, но во многу земји веќе пристигна и нема да ги заобиколи ниту македонските корисници. Најверојатно ова ќе пристигне и кај нас до крајот на годината.
фото: freepik.com