Софија има само 23 години, а веќе е успешна деловна жена: Деновите ги поминува покажувајќи го згодното тело на јахта (ФОТО)
Ќерката на легендарниот пејач Лајонел Ричи, Софија, ужива на јахта со својот вереник...
Американската манекенка и модна дизајнерка Софија Ричи е уловена на јахта со вереникот милионер Елиот Грејнџ на Ибица.
Ќерката на познатиот пејач Лајонел Ричи, која веќе некое време ги посетува популарните европски дестинации го покажа згодното тело во минијатурно танга бикини не разделувајќи се од својот избраник.
фото: profimedia
Сфатила дека папараците ја фотографираат, па направи и неколку пози.
фото: profimedia
Инаку, Софина и Елиот се верени неколку месеци, а својата врска ја чуваат далеку од очите на јавноста.
Елиот е син на извршниот директор на „Universal Music Group“, а менекенката ја запроси во април оваа година во магична и романтична атмосфера, исполнета со свеќи и цвеќиња.
Гласините за нивната врска се појавија во текот на 2021 година, по што беа уловена од папараците, а неколку дена подоцна ја повтрдија својата врска и на Инстаграм.
Пред врската со Елиот, СОфија беше во 3-годишна турбулентна врска со поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан, Скот Дисик. Тогаш таа имаше 19, а тој 34 години.
фото: Принтскрин / Инстаграм