Сонувала да биде фризерка, а денес има уште поинтересно хоби: Сања од „Хјурикејн“ учела и арапски јазик
Сања Вучиќ од „Хјурикејн“ не крие дека од мали нозе до своето созревање имала многу визии и идеи со што би сакала да се занимава еден ден.
Прво сонувала да биде фризерка, потоа да стане оперска пејачка, а поради љубов кон инсточната култура се запишала и на арапски јазик.
„Реков, арапски или ништо. Иако течно зборувам англиски и шпански, а учев и италијански и португалски“ - кажа Сања своевремено, а сега откри дека покрај тоа, има и интерсни хобија.
„Имам многу хобија и со нив се занимавам привремено, значи ништо не правам постојано. Воглавно сакам да танцувам, а во последно време се занимавам и со правење на суканици од вештачка коса во разни бои“ - кажа Сања, која изгледа донека си ја исполнила желбата да биде фризерка.