„Сонував дека ќе оздравиш ако пеш дојдам од селото“: Поради подвигот на дедото (82) на болната Мина сите веруваат во чудо
За нештата да бидат уште потажни и нејзиниот дедо (82) за кој е многу поврзана, веќе неколку години се бори со рак...
Мина Пошарац (22) е млада девојка на која животот ѝ се променил во една секунда. Се соочила со многу страшна дијагноза, односно со сознанието дека боледува од тумор на 'рбетниот мозок.
Од тој момент таа ја започна животната борба, но во неа не е сама, туку на прво место ѝ се приклучило нејзиното семејството, драгите личности, но и луѓето кои не ја познаваат личност, но помагаат да се соберат парите кои се потребни за тешката операција.
За нештата да бидат уште потажни и нејзиниот ден (82) за кој е многу поврзана, веќе неколку години се бори со рак, а сега направи неверојатно нешто за својата внука.
Како што опиша Мина, дедото, една вечер сонувал дека неговата внука ќе оздрави ако пеш оди од селото до својата миленичка.
По сонот, дедото не го спречиле ни годините ниту тешката болест. Поминал повеќе од 30 километри од селото до внуката пеш, цврсто верувајќи дека тоа не го сонувал без причина.
Во очите на гордата внука тој е нејзиниот херој, бидејќи Мина со него верува дека наскоро ќе оздрави и ќе се врати на своите секојдневни активности.
Мина ја охрабрија и во бројните комнетари на Инстагран, а еден од нив е дека храброста ја наследила од дедо ѝ и дека од сето ова заедно ќе излезат како победници и дека со заеднички сили ќе го победат својот најголем непријател во животот.
фото: Принтскрин / Инстаграм