Соопштение од Ана Бекута: Се повлекувам од јавноста, ги откажувам сите настапи и емисии

Соопштение од Ана Бекута: Се повлекувам од јавноста, ги откажувам сите настапи и емисии

Објавена во: Живот // Живот

На еден ден по погребот на Милутин Мркоњиќ, неговата скоро десетгодишна емотивна паркерка Ана Бекута се огласи со соопштение.

Како што најави, ќе се повлече од јавност, а неизвесни се и новогодишните концерти.

Во целост ви го пренесуваме соопштението на Ана:

„Почитувана српска јавноста, драги пријатели и колеги, моја сакана публико.

Ви благодарам на големата поддршка која ми ја пруживте ов најтешките денови од мојот живот. Ви благодарам на секоја порака, повик и сочувство кое ги примив откако не напушти Милутин,

Посебно му благодарам на персоналот на Институтот за крадиоваскуларни болести „Дедиње“, на професор доктор Милован Бојиќ кој беше на чело на тимот, ги држеше во „борбен строј“ еден месец и навистина даде сѐ од себе во борбата за животот на Милутин. Благодарам и на СПС за организацијата на погребот и на големата поддршка која ни ја дадоа.

Одлучив да се повлечам од јавноста. Ги откажувам сите настапи кои беа закажани во текот на декември. Ги откажувам сите интервјуа, емисии и програми во кои требаше да учествувам и им се извинувам на организаторите на истите. 

За новогодишните настапи во Требиње и Бања Лука, јавноста ќе биде дополнително известена.

Уште еднаш ги молам медиумите професионално да си ја работат работата, без да измислуваат приказни и интриги кои не се случиле и да ја почитуваат мојата приватност во овој тежок период. Најмногу ви благодарам на вас, на мојата драга публика. Вие, со моето семејство и пријатели, сте мојата најголема сила. 

Ве сака, вашата Ана.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: