Сопругата на Брус Вилис прв пат за тежината на неговата болест: „Опциите се мали“
Ема Хеминг Вилис продолжува да дознава за проблемот со деменцијата откако на нејзиниот сопруг, познатиот актер Брус Вилис, му беше дијагностицирана оваа болест.
Ема е свесна за тежината на ситуацијата и фактот дека Брус никогаш повеќе нема да биде тој стариот.
Но, во претходниот период таа беше посветена на учење и истражување, а сега на Инстаграм објави дека била и на промоција на книгата на извесен Макс, во која се бележи борбата на неговата мајка со истата болест.
„Неговата љубов кон мајка му е моќна. Неговата мотивација да најде одговори од водечките здравствени експерти е инспиративна и тогаш тој е доволно љубезен да ги сподели тие информации. Тоа е вистински благослов. Ти благодариме, Макс, што си толку храбар и ранлив да го споделиш ова патување и да ја истакнеш важноста на здравјето на мозокот. Кога живеете во светот на деменцијата, знаете дека опциите се мали, тесни“, признала Ема дека нејзиниот сопруг е во незавидна положба.