Сопственички се на најскапите чевли: Најевтините се 1.090 евра, а од највисоката цена ќе ви се заврти во главата (ФОТО)
Дека за жените најголем моден фетиш се чевлите, покажаа и многу познати дами од Балканот...
Припадничките на српскиот џетсет често се истакнуваат со својата појава и стил, а многу од нив не штедат кога е во прашање изборот на модни парчиња, додатоци и обувки.
Во продолжение ви ги издвојуваме ѕвездите кои платиле огромна сума на пари на нозете да имат брендирани и модерни високи потпетици:
# Александра Пријовиќ
Таа секогаш е беспрекорно облечена. Не сака да ја истакнува цената на она што го носи, но невозможно е да не се забележаат чевлите кои ја надополнуваат секоја модна комбинација.
Имено, Александра позираше во автомобилот во бела модна комбианција, која ја истакна нејзината изјавана фигура. Белото сако и панталони ги искомбинира со чевли во иста боја, од брендот „Saint Laurent“. Чевлите украсени со иницијалите на познатиот дизајнер, чинат скоро 1.200 евра.
# Тамара Калиниќ
Високите потпетици од модната куќа „Версаче“ потполно ги освоија некои од најстилизираните дами, а покрај Јелена Карлеуша, од која се очекува да ги испочитува најновите трендови, со истите чевли воодушеви и инфлуенсерката Тамара Калиниќ.
Таа одбра жолти, додека Јелена споменатото модно парче го носеше во розова боја. Овие чевли Тамара ги носеше минатата есен на модната недела во Милано, а цената на истите е 1.090 евра.
# Јелена Карлеуша
Пејачката е позната по истенчениот вкус за мода, но и љубовта кон скапоцените модни парчиња и обувки.
Иако веќе не навикна дека за чевли издвојува минимум 1.000 евра, во една прилика успеа да ја шокира јавноста со цената на високите потпетици кои ги носеше.
Имено, Јелена во 2017 година си купи чизми од брендот „Saint Laurent“, кои чинеа дури 8.000 евра. Чизмите се наросени со бели кристали, а цената ја крева и фактот што се изработени само 20 пара од овој модел.
# Софија Милошевиќ
Познатата српска манекенка и вереница на српскиот фудбалер Лука Јовиќ, Софија Милошевиќ на својот Истаграм профил се пофали со новиот пар сандали од популарниот многу скапоцен бренд.
Во прашање е брендот „Amina Muaddi“, а моделот кој Софија го избра за себе припаѓа на екслузивната колекција. Моделот го носи името „Rainbow Embellished Gladiator Sandal, а чини 1.772 евра.
# Маша Терзиќ
Маша Терзиќ, ќерката на генералниот директор на „Црвена ѕвезда“, Ѕвездан Терзиќ минатата година ги покажа бруталните чизми од новата колекција на светскиот бренд „Лиј Витон“.
Маша на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира, а во прв план беа скапоцените високи потпетици. Инаку, станува збор за тогашниот последен модел од брендот, наречен „Patti wedge high boot“, кои чинеа неверојатни 2.639 евра.
фото: Принтскрин / Инстаграм