Сопственици се преправале дека нивната хаска е невидлива: Реакција на кучето е урнебесна

Сопственици се преправале дека нивната хаска е невидлива: Реакција на кучето е урнебесна

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Сибирската хаска по име Мика има над еден милион следбеници на Јутјуб. Нејзините сопственици скоро секојдневно се трудат да снимаат интересни видеа со кои ги забавуваат следбениците, но и Мика, која ужива да биде пред камерите.

На едно од последните видеа сопствениците малку си поиграа со миленикот, па се преправаа дека Мика е видвилива.

Имено, додека кучето седеше зад нив, тие го повикуваа и се прашуваа каде е.

Мика најпрво ги следеше чудно и испушташе разни звуци за да ја забележат, но тие не обрнуваа внимание на неа.

Сето ова траеше неколку минути, а потоа сопствениците ја прегрнаа Мика и ѝ порачаа дека ја сакаат и дека повеќе не можат да се преправаат дека е невидлива.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: