Сопствениците на мачки поинтелигентни од оние на кучиња: еве што велат научници

Сопствениците на мачки поинтелигентни од оние на кучиња: еве што велат научници

Објавена во: Живот // Живот

Според досегашните истражувања, личностите кои имаат домашни миленици се разликуваат карактерно.

Општото мислење е дека сопствениците на кучиња се поопуштени и поотворени, а сопствениците на мачки се сосема поинакви, бидејќи тие животни се сметаат за поладни и попресметани. Но, што е вистина?

Сопственици на мачки

Се сметаат за полиберални, но и поневротични од сопствениците на кучиња и уживаат во сарказам и игри со зборови. Полесно можат да издржат поголем стрес и се поинтровертни во споредба со сопствениците на кучиња. Сакаат да поминуваат време сами и затоа работат на проекти наместо тимски. Ним им треба време да ги прифатат новите технологии. Сопствениците на мачки почесто имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција.

 Сопственици на кучиња

Личностите кои имаат кучиња се сметаат за поконзерватнивни од личностите кои имаат мачки, но од друга страна се поекстровертни. Поотворени се и преферираат да го искористат денот конкретно наместо да филозофираат за ситници и да плачат по истуреното млеко. Сопствениците на кучиња почесто ги прифаќаат новите технологии, отколку сопствениците на останатите домашни миленичиња. Тие се самоуверени, упорни, проактивни, енергични и отворени.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: