Сопственикот на профилот „Rich Kids of Instagram“ откри колку му плаќаат богатите деца за да ги објави

Сопственикот на профилот „Rich Kids of Instagram“ откри колку му плаќаат богатите деца за да ги објави

Објавена во: Мода // Moj стил

Колку чини за и твојата фотографија да се најде на профилот „Rich Kids of Instagram“? Не е невозможно, прашање е само дали си доволно богат/а.

Фотографиите кои можеме да ги видиме на овој Инстаграм профил не доаѓаат само така. Профилот стана толку популарен помеѓу младите богаташи што сопственикот на страницата може добро да ја наплати секоја објава, а на овие млади воопшто не им е проблем да ги издвојат тие пари од својот буџет.

Профилот „Rich Kids of the Internet“ е започнат уште во 2012 година под името „Rich Kids of Instagram“, по кој стана познат, а функционира на начин што на него се споделуваат фотографии од децата на богатите луѓе кои сакаат да се фалат со своите луксузни животи и богатството во кое живеат. Од тогаш настанаа различни варијации по темата на оваа страница како „Rich Kids of London“, „Rich Kids of Dubai“, „Rich Kids of Balkan“... Но, оваа за која што зборува сега настана прва и таа го започна трендот на покажување на богатството.


Го отворил тогаш 19 - годишниот Џејмс Ајсон кога сподели фотографија од 15 - годишниот Захари Дел, син на информатичкиот милијардер Мајкл Дел, кој се фотографирал со приватниот авион на татко му, додека патувал на некоја егзотична локација. И така започна оваа приказна. Некои луѓе го „хејтаат“, друго обожуваат да го гледаат, бидејќи им дава увид на животот како што многумина никогаш нема да го искусат. Досега овој профил има околу 377 илјади следбеници, а објавата на него не е бесплатна.


Џејмс Ајсон кога го отворил овој профил бил воодушевен од светот на богатите, а живеел спротивен живот - растел со својата самохрана мајка и биле толку сиромашни што го делеле креветот. Таа прва фотографија која ја споделил му отворила некој нов свет, а иако ја нема повеќе на профилот, бидејќи таткото Дел се налутил на своите деца, бидејќи објавуваат толку приватни работи на социјалните мрежи, денес објавата на фотографија на овој профил е статусен симбол.


За нечија фотографија да се најде на овој профил, тој некој мора да плати 2.000 долари. Секако, на овие богати деца тоа воопшто не им претставува проблем.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: