Соседите на Теодора Џехверовиќ се огорчени поради нејзиното однесување: Го открија вистинското лице на пејачка

Соседите на Теодора Џехверовиќ се огорчени поради нејзиното однесување: Го открија вистинското лице на пејачка

Објавена во: Живот // Живот

Соседите на Теодора Џехверовиќ проговорија за тоа каква е пејачката приватно...

Пејачката Теодора Џехверовиќ се вбројува помеѓу најпопуларните во регионот, па затоа не е изненадувачки фактот што нејзините обожаватели сакаат да дознаат сѐ за нејзиниот живот. Меѓутоа, иако на социјалните мрежи често изгледа дека и надвор од камерите е отворена и пристапна, всушност ситуацијата е потполно поинаква, што и самата пејачка неколку пати го докажа со своето однесување.

Дури и нејзините соседи за неа имаат поделено мислење, а додека едни ја фалеа, други не ги штедеа критиките.

„Ја гледам често, секогаш е дигната. Се замислила дека е голема ѕвезда. Не знае ни да се јави, да каже добар ден. Само поминува. Секогаш носи очила за сонце, а некогаш и дуксер со качулка. Да убава е, но навистина претерува. Па ни Цеца и Брена не се однесуваат така. Популарноста може да дојде и да замине, но ова е премногу“ - кажа за „Блиц“ една сосетка од зградата во која живее Теодора.

„Таа е слатко девојче што беше во реално шоу? Фина е. Мајка ѝ е опасна. Ја гледам кога ќе дојде кај Задругарите па мавта со рацете и зборува, не може да застане. Оваа мала за разлика од неа е посмирена. Ја гледам со некое високо момче. Подоцна внука ми ми кажа дека ѝ е момче, некој кошаркар. Убави се, навистина.“ - кажа еден постар господин.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: