Сосема друга личност кога ќе стави шминка: Девојка се гордее поради тоа што на овој начин ги залажува луѓето (ВИДЕО)
Девојките со помош на шминката може да се трансформираат со сосема нова личност. Досега тоа го докажаа многу пати, а ова е една од оние кои со гордост го признава тоа. Знае дека е „catfishing“ и не ѝ е проблем да го признае тоа.
Светот и машкиот пол и понатаму мислат дека девојките се шминкаат и средуваат за момчињата, а реалноста е дека во поголемиот случај не се ни блиску до вистината. Девојките се подготвуваат и средуваат за себе! Сакаат да се чувствуваат убаво и да бидат полни со самодоверба. И тоа е главната причина зошто многу од нив ставаат шминка, ја виткаат косата и по 10 пати ги менуваат комбинациите пред да излезат од дома. Во тоа нема ништо лошо.
Оваа девојка сака да им ја испрати на сите токму таа порака. Да, свесна е за тоа дека ги залажува луѓето кога ќе се нашминка, бидејќи без шминка и со шминка е сосема друга личност. Но, тоа го прави за својата самодоверба и за никој друг.
@jesthejemini #OscarsAtHome #beforeandafter #beforandaftermakeup #glowup #makeuptransformation #transformation So your an artist - Tej Patel
На луѓето им е тешко да поверуваат дека станува збор за истата личност, но и на почетокот и на крајот од видеата е Џес. Само на едната верзија е со мозолчиња, без фризура и со очи кои не доаѓаат до израз, а со шминка сè е поинаку. Трансформациите ѝ се топ.
@jesthejemini anotha one #girlthatsnotme #catfish #makeup 444 - jah
Во коментари под нејзините видеа луѓето се согласуваат дека таа е уметник. Добра е во шминкањето и тоа знае како да го искористи. Таа го има пронајдено својот начин како да си помогне и да се чувствува среќно и полно со самодоверба во своја кожа. На тебе можеби шминката не ти дава самодоверба, затоа фрли се на работа и пронајди го својот начин.
фото: Принтскрин / ТикТок