Сосема поинакво искуство кога е гледањето на филм во прашање: Седум најнеобични кима ширум светот (ФОТО)
Некои од овие кино сали, не се ни сали и затоа завршија на нашата листа...
Реално, секој сака да изгледа добар филм, а кога некој ќе спомене одење на кино, секогаш помислуваме на некој филмски хит, мирис на пуканки, чувството кога ќе седнеш во длабоко фотелја и уживаш во кристално чиста слика на голем екран и сите неверојатни звучни ефекти.
И додека голем дел од нас, филмовите ги гледаат во класичните кина, постојат примери на сосема поинакви кина во светот, каде искуството може да биде поинакво и незаборавно.
# Кино на вода во Париз
„Cinema sur l'Eau“ го создадоа во текот на летото за време на пандемиската 2020 година, кога социјалните контакти беа ограничени и моравме да носиме маски. Со оглед на тоа што одењето во кино е една од честите форми на дружење, а престојот во затворен простор не беше најсреќната опција, Французите се насочија кон овој проблем и дојдоа до идеја да гледаат филмови на отворено, поточно на реката Сена. На 38 електрични чамци во кои можат да се сместат од две до максимум шест лица, многу парижани го посетија ова кино и беа воодушевени од сензацијата на отворено.
# Киното „Archipelago“ во Тајланд
Уште едно кино на отворено, опкружено со високи карпи. Киното се наоѓа во лагуната Наи Пи Лае веднаш до островот Куду. Гостите до сплавовите стигнуваат со брод, а потоа можат да уживаат во гледањето филм на огромно кино платно кое исто така се издига од водата, исто како и огромните карпи. Замислете да уживате во нов филм и истовремено да лебдите по океанот - тоа секако е незаборавно искуство.
# „Amante“ во Ибица
Ова кино во Шпанија ги остава посетителите без здив. Карпите се осветлени со рефлектори, небото е полно со ѕвезди, а звукот на брановите и мирисот на морето можат само да ја дополнат атмосферата доколку гледате романтичен филм. Гостите можат да уживаат седејќи на вреќи, а ако им е престудено поради морскиот ветер има и ќебиња.
# Hot Tub Cinema
Вакви кина може да најдете во Велика Британија и САД. Додека уживате во филмот, можете да се опуштите во жешкото џакузи.
# Cineteca Del Matadero во Мадрид
Во ова кино ќе се чувствувате како да сте под небото со многу ѕвезди. Ова кино во Мадрид било изградено на почетокот на 20-от век и било користено како кланица и сточен пазар речиси 85 години, а потоа шпанските архитекти го реновирале и создале кино.
# Transatlantyk Festival во Познан
Плаќањето карта за ова кино во Полска значи дека само што ќе добиете фотелја, туку ќе добиете и кревет и ќе ви биде обезбеден приватен простор за гледање. Изгледа многу ВИП.
# Red Rocks Park and Amphitheatre во Денвер
Секое лето, илјадници Американци и туристи одат во „Red Rocks“, односно во амфитеатарот на отворено каде можат да уживаат во кино кое се наоѓа на 1.965 метри надморска височина. Сепак, покрај кинот, тука се одржуваат и многу концерти во текот на летото.
фото: Принтскрин / Инстаграм